Матураните да не одат со возило за време на матурските прослави Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, пренесува „Миа“. Оттаму упатуваат апел и до родителите да не ги пуштаат матурантите со возило на прослава и да им обезбедат превоз.

– Без оглед дали имаат или немаат возило или возачка дозвола, дали се чувствуваат способни и дали планираат да не консумираат алкохол, се работи за таков вид на прослави каде што ризикот од евентуални сообраќајни незгоди е релативно висок. Иако повеќето од нив се чувствуваат возрасни и способни да управуваат со возило, сепак заради нивната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот подобро е да не управуваат со возила, рече портпаролот на РСВС Тоше Јанев на вчерашната прес-конференција.

Согласно законот, возачите почетници не смеат да управуваат со возило доколку конзумираат алкохол и немаат право да возат по 23 часот доколку со нив не се наоѓа лице постаро од 25 години.

Во изминатите две години не се регистрирани сообраќајни несреќи со тешки последици за време на матурските прослави.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска го најави и одржувањето на традиционалните државни натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ во сабота во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“.

OhridNews