Во охридските средни училишта, како и во останатите низ земјава, денес започна екстерното тестирање.

Тестирањето за матурантите се спроведува сега, затоа што во јуни ќе имаат обврски за полагањето на државната матура. Останатите ученици, од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат тестирани на крајот на учебната година.

Министерството за образование и наука креираше систем во кој за матурантите пред трестирањето беа достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование. Бројот на прашања кои ќе бидат на тестот зависи од тоа колку е предметот  застапен неделно во наставата.

Двата предмета по кои  ќе бидат тестирани, учениците ги дознаа пред два дена. Тестирањето за вториот предмет ќе се одржи на 24 јануари.

Во охридските средни училишта со екстерното тестирање се опфатени вкупно 642 матуранти.

OhridNews