
Како што изјави претседателката на Државниот матурски одбор, Весна Хорватовиќ, полагањето во сите средни училишта во земјава се одвивало според предвиденото.
На 11 јуни матурантите ќе полагаат англиски, француски, германски или руски јазик, на 13 јуни математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
Предметите математика на основно и напредно ниво, како и странските јазици англиски, француски, германски и руски, естетика и филозофија се полагаат со 180 минути, а останатите предмети кои оваа година како новитет се предизборен предмет, се полагаат по 2,5 часа.
Инаку, денешниот испит по мајчин јазик траеше 240 минути. Тестот се состоеше во пишување есеј на тема од материјалот кој се учи или слободно зададена, кој треба да изнесува од 300 до 500 зборови. Исто така, имаа и прашања повеќечлен избор и прашања со надополнување.
OhridNews
„Макфакс“












