На празникот посветен на заштитникот на Охрид, гимназијата „Св. Климент Охридски“ вечерва на градскиот плоштад кој исто така го носи името на светителот, ќе се доделат дипломите на матурантите од генерацијата 2010/11.

По тој повод ќе се одржи Матурски марш од Гимназија до споменикот на Св. Климент Охридски на градскиот плоштад. Таму поздравно обраќање ќе имаат директорот на гимназијата, Наум Рилкоски и градоначалникот на Охрид Александар Петрески, а од име на матурантите говор ќе одржи ученичката Фросина Маркоска.

Матурантите завршувањето на средното образование симболично ќе го означат со фрлање на капи, што ќе биде проследено со огномет.

Свеченоста ќе биде заокружена со музички хепенинг и настап на „Силви Бенд“.

OhridNews