Капитенот на Интер, Мауро Икарди беше клучна фигура во триумфот 3-2 над Милан во градската пресметка во рамките од 8-та рунда во Серија А.

Аргентинецот ги постигна трите погодоци вклучувајќи го и победничкиот погодок, кој го реализираше од белата точка во судиското продолжение. „Росонерите“ два пати изедначуваа преку Сусо и Бонавентура, но после третиот погодок кој го примија немаа време соодветно да одговорат.

„Нероазурите“ со триумфот се зацврстија на втората позиција на табелата, додека Милан се „лизна“ на десеттото место и речиси и да ги загубија шансите за титулата.

Резултати: Фиорентина – Удинезе 2-1, Болоња – Спал 2-1, Каљари – Џенова 2-3, Кротоне – Торино 2-2, Сампдорија – Аталанта 3-1, Сасуоло – Киево 0-0, Интер – Милан 3-2.

Табела: Наполи 24, Интер 22, Јувентус 19, Лацио 19, Рома 15…

OhridNews