КК Маврово се откажа од понатамошните натпреварувања во Првата кошаркарска лига мажи, а стартот на шампионатот се пролонгира за 2 февруари беше одлучено на денешната седница на здружението на прволигашите која се одржа во Охрид.

На седницата присуствуваа шест од деветте клуба колку што брои ова здружение. Во Охрид не пристигнаа претставниците на Вардар, Соколи и Маврово.

“да“ за солидарниот фонд

Зелено светло клубовите дадоа за формирање на “солидарен“ фонд преку кој би се плаќале судиските такси. Секој клуб до почетокот на сезоната во касата на КФМ ќе треба да уплати околку 100.000 денари за трошоците до крајот на сезоната. Со ваквиот начин би се избегнале незгодните ситуации како во првиот дел од шампионатот.

Новина во вториот дел од шампионатот ќе биде и начинот на делегирање на судиите. Преку компјутерски програм ќе бидат избирани судиските тројки, а клубовите ќе имаат право на измени на одредени судии.

На наредната седница ќе  се формира тричлена комисија составена од поранешни судии кои ќе го оценуваат судњето, како и предлог критериум за изрекување на санкции. Едногласно беше усвоено судиските такси во ¼ и ½ финалните натпревари од 3000 да се зголемат на 4000 денари, додека во финалната серија таксите да изнесуваат по 5000 денари. Во новиот шампионат судиските такси ке изнесуваат по 4000 денари.

Домаќинот на овогодинешниот “фајнал 8“ турнирот Фени Индустри објави дека турнирот ќј се одржува од 12-15 Март. Наредната седница на здружението на прволигашите ќе се одржи на 24 / 25 јануари во Кавадарци.

Мирко Постоловски