„Јас сум маж, а не жена. И не сакам да бидам жена. Само сакам животот да ми се врати во нормала.“, вели Тери Рајт, 60- годишен пејач во паб.
Пред 10 години започнал да ја губи брадата и влакната по телото. Од тогаш кожата му станала мазна, и му растат гради.
Крвните наоди покажале дека нивото на женскиот хормон естроген му е повисоко од нормалното.
Но докторите му велат дека до сега немаат видено таков случај и не знаат како да го запрат тој процес.

Психијатрите го прогласиле ментално здрав, а и извршено е скенирање кое ја исклучува можноста нивото на естрогенот да е високо поради постоење на тумур.











