Црвеното светло се запали во француската селекција, откако на посериозна повреда за време на тренингот се пожали еден од главните адути во репрезентацијата Килијан Мбапе.

Младиот фудбалер како покосен паднал на терен после дуелот со Адил Рами. Мбапе се жалел на болки во глуждот, а прогнозите кои се далеку од официјални не се позитивни за „петлите“.

До почетокот на Мундијалот остануваат два дена, а французите првиот меч го играат в сабота со почеток во 12 часот против селекцијата на Австралија.

OhridNews