Крај на проблемите на овај тим не се гледа засега. И на оваа трка MCLaren ќе мора да го промени моторот и то деветти по ред. Инженерите на овај тим цела вечер работеа на податоците што е проблемот со моторите и до овој момент нема званично соопштение.


“Знаевме дека оваа патека ќе е тешка за нас. Направивме неколку измени на болидот да научиме нешто ново и да видиме како сето тоа ќе функционира на тренингот и квалификациите денес. Во случај утре да имаме дожд можат многу работи да се сменат но за нас нема да има никаво значење.“ изјави Алонсо.

Батон секогаш ја сакал трката во Монца но после сите случувања е повеќе од разорачан.

“Мојот болид го изгуби ладењето на вториот тренинг. Не бевме во можност да го промениме ERS системот на време што ќе овозможеше мое излегување до крајот на попладневната сесија. Зато одработив само еден круг во тајминг шо е катастрофа“ –изјави еднократниот светски шампион.

Ohridnews