Тимот од Вокинг се враќа на стариот нос кој го имаа на почетокот на оваа сезона. Тие ставија краток нос за ГН Австрија кај болидот на Фернандо Алонсо во јуни.
Како соопштуваат од овој тим овај нос ќе се користи само за ГН на Италија на патеката во Монца , затоа што таков нос има подобар аеродиначки баланс и помал отпор на воздухот од краткиот нос кој до сега го користеа.
Монца е патека на која аеропритисокот не е важен но аеродинамичката конфигурација е премногу значајна, па со овој потег McLaren ќе проба да добие нешто повеќе во брзината.
Краткиот нос ќе го вратат за трката во Сингапур на која ќе имаат промоција на новото предно крило.
Ohridnews