Синоќа во Куќата на Робевци беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археологија Лихнида“ по повод Европските денови на наследството 2025 во организација на НУ Завод и Музеј Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот Хумболт во Калифорнија.
Директорот на симпозиумот проф. д-р Љубен Тевдовски истакна дека нашиот македонски, европски, медитерански и светски бисер на археолошко и културно наследство Охрид, денес се трансформира пред нашите очи во модерен центар за фундаметални анализи и методолошка строгост.
Нова значајна точка на постојани средби на медитеранските археолози посветени на обновувањето и постојано преосмислување на археологијата како научна дисциплина, развојот на нова свест за недореченостите и заблудите во науката и општеството, обезбедувањето нови пристапи во проучувањето и разбирањето на нашето заедничко минато и соочувањето со медитеранските и глобалните предизвици до денешноста и иднината. „Меѓународниот симпозиум за теретска и медитеранска архологија Лихнида“, е израз нашата заедничка посветеност на долгорочна промоција на мирот, културното разбирање и заштитата на заедничкото наследство на човештвото, посочи Тевдовски.
Исклучителна е честа денес да се биде во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските деноови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија Лихнида“, рече во обраќањето градоначлникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство. Верувам дека во наредните два дена со вашите презентации, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија, истакна Пецаков.
Во продолжение на вечерта, се одржа пред промоција на книгата „Етиката во археолошката практика“ од проф. д-р Пол Белфорд и проф. д-р Гери Вејт, која својата светска промоција ќе ја има на Келог колеџот на универзитетот во Оксфорд.
На дводневниот симпозиум учествуваат повеќе од 40 еминенти научници и археолози и од земјава и странство.
OhridNews