Втор меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида ќе се одржи во Охрид од 18 до 20 септември на темата „Медитеранската археологија помеѓу империите и империјализмот“.

Симпозиумот е во организација на Факултетот за образовни науки и Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Институтот за културно наследство и археологија – Скопје и Стопанската комора

Свеченото отворање е предвидено за утре, 18 септември, во Галеријата на икони, а научните сесии ќе се одвиваат во Куќата на Робевци и Куќата на Узунови, додека свеченото затворање во Спомен-куќата на Григор Прличев.

На симпозиумот ќе учествуваат истакнати истражувачи и професори од Македонија и од повеќе меѓународни академски и истражувачки институции. На симпозиумот на УГД ќе присуствува основачот и долгогодишен претседател на Шпанскиот институт за културно наследство, како и поранешен претседател на Европската асоцијација на археолозите, проф. Фелипе Криадо Боадо, европскиот и холандски академик Варшлаус, како и раководители и професори од светски највисоко рангираните универзитети во областа на археологијата и античката историја: Сапиенца, Лејден, Универзити Колеџ Лондон, Макс Планк Институтот од Фиренца, Универзитет во Гетеборг, Полската академија, Австриската академија, УНЕСКО катедрата за наследство на иднината и повеќе европски и регионални универзитети и истражувачки центри.

OhridNews