Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со Институт за филм- Филмска Академија – Охрид, „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, како и Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, од 17-19 јануари 2026 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“.

Oваа година конференцијата, тематски е фокусирана на „Идентитетот, културата на меморија, наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“. На конференцијата ќе бидат презентирани 70-тина трудови од 90-тина учесници кои доаѓаат од 15 држави, информираат организаторите.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 17 јануари 2026, со почеток во 11.00 часот, во амфитеатарот на Универезитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а работните сесии ќе се одржуваат во просториите на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, и тоа во „Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев“.

Оваа конференција е посветена на емитениот универзитетски професор и уметник, д-р Ахмет Ајтач од Измир, Турција кој остава силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток, преку неговите научни и уметнички дела, додаваат.

OhridNews