Од денес до 28 септември во Струга ќе се одржат Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant.

Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со активности прилагодени за можностите на пациентите од дијализа и трансплантација. Учесниците ја имаат поддршката од здравствените власти, медицински установи и здравствени институции. Тие ќе се обединат, ќе разменат искуства и ќе го подигнат својот глас на повисоко ниво од регионот и ќе апелираат за поголем број донирани органи за трансплантација, информираат од Здружението Нефрон.
OhridNews












