XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024), ќе се одржи во Охрид на 26 и 27 септември во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, велат од организацискиот одбор на ФТУ Охрид.
Официјалното отворање на конференцијата е закажано за 27 септември 2024 година, со почеток во 09:30 часот, во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Повеќе детали и целосната програма на официјалната интернет страница: https://conference.ftu.uklo.edu.mk.
OhridNews










