Претстојните предизвици меѓу кои набавка на нова медицинска опрема и надополнување на кадарот во областа на педијатрија во фокус на средбата на министерот за здравство, Фатмир Меџити со раководтсвото на Општата болница во Охрид.

Општата болница Охрид претставува пример за континуирано кадровско зајакнување. Реализирани се 32 нови вработувања и испратени 9 доктори на специјализации од различни области, со цел зајакнување на повеќе специјалистички оддели, информираат од Министерството за здравство.

Инаку, проблемот со недостиг на педијатри на Детското одделение веќе се провлекува подолг период, поради што истото функционира како дневна амбуланта.

OhridNews