Во Паркот на поезијата во Струга на 24-ти август (среда), од 20 часот ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”.

Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат 8 фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот и тоа КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Дримкол“ – Вевчани, КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р. Србија, КУД „Мислешево“ – Мислешево, КУД „Бисер“ – Кичево, ФА „Филиграни“ – Охрид и ФА “Ivan Goran Kovačić” Sisak – Хрватска, информираат од НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“.

Оваа година, додаваат, ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Фестивалот е помогнат од Министерството за култура.

OhridNews