Меѓународната конференција под наслов „Улогата на граѓанското општество во (родово – одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“, во организација на Мрежата за родово – одговорно буџетирање каде носител е Центарот за истражување и креирање политики, канцеларијата на UN Women во Скопје, како и Меѓународното буџетско партнерство, се одржува во Охрид.
Како што информираат организаторите, Конференцијата беше отворена синоќа со врачување на признанието за исклучителен придонес во унапредувањето на родовата еднаквост во земјава на Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет на жените во Македонија од страна на Мрежата за родово-одговорно буџетирање и Родовата платформа.

На конференцијата, која е е финансиски потпомогната од Австриската агенција за развој, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Швајцарија, ќе бидат присутни повеќе од 60 претставници од граѓанските организации, институции, експерт(к)и од 18 земји, како и претставници од македонското Министерство за труд и социјална политика.
OhridNews











