Актуелниот првак во Премиер лигата, Манчестер Сити со 4-1 го совлада Тотенхем во првиот натпревар од осмата рунда во најсилната англиската лига.
Четирите погодоци за „граѓаните“ ги постигна Серхио Агуеро. Аргентинецот реализираше два од белата точка и два од игра, а успеа и да промаши пенал при резултат 2-1.
Тотенхем иако претрпе убедлив пораз сепак може да жали откако на 2-1 за Сити, Солдадо во погодок не го претвори пеналот.
Со петте погодоци на мечот на „Етихад“ дуелот меѓу овие две екипи останува најефикасен во последните пет години кога во просек паѓаат по пет голови.
Мх.П.