Секогаш е предизвик да се натпреваруваме со стружани, особено сега, кога тие успеаа да ги засилат своите редови со многу добри играчи – вели претседателот на охридскиот ракометен клуб Атанас Поп Стефанија во пресрет на денешниот дуел со Струга во рамките на првата рунда од националниот Куп.


Охриѓани велат дека овој струшки состав е далеку посилен од оној кој убедливо го совладаа во шампионатот. но тоа е само екстра мотив за охридските “гладијатори“, кои очекуваат подршка од трибините.

Се надеваме дека охридската публика ќе дојде во голем број на натпреварот и ќе ни помогне заедно да издвоиме победа против вечниот ривал. Подготовките ги завршиве во добро расположение, атмосферата во клуб е одлична, сите играчи се спремни да дадат се од себе и да одиграме со срце за Охрид.–  вели Поп Стефанија.

Од клубот апелираат до навивачките групи “Рибари“ и “Паткари“ за фер навивање, а им посакаа срдечно добредојде на струшките навивачи, како и на играчите на РК Струга Илинден.

М.П.