
Случајот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Организациите за заштита на природата бараат одговори, но и одговорност од надлежните институции, отворајќи ја дилемата колку стручно било постапено во случајот и дали несреќното животно било застрелано со поголема доза за успивање од потребното и од што угинало. Се бара и одговор од надлежните институции за поставувањето на стапици за животни во заштитени зони.
Надлежните институции кои ги контактиравме не информираа дека се запознаени со случајот и дека се преземаат мерки за негово расветлување, за што бил побаран детален извештај од стручната служба која била вклучена во неуспешното спасување на мечката.
OhridNews
фото: интернет архива











