Борбата на стружаенцот Слободан Кајмакоски и хрватскиот кик боксер Томислав Содан од Пит Бул клубот од  Сплит беше прогласена за најатрактвина од страна на хрватските медиуми кои го следеа третиот кик бокс турнир “Mega Fight 2011“ во Стела Марис во Умаг Хрватска.



Кик
боксерот на струшкиот “Бушидо“ , Слободaн 
Кајмакоски на поени со 3-0 го победи сплитскиот борец Томислав Содан, што за него преставуваше четврта победа во исто толку профи натпревари.


Кајмакоски кој за овај профи меч повеќе од месец дена се подотвуваше во “Мега центарот“ во Ријека, очекува ваквата форма да ја одржи и да стигне до медал за Македонија на светскиот шампионат што се одржува во октомври во Скопје.