Марјан Лазовски е наследникот  на Александар Тодоров на тренерската функција во МЗТ Скопје, откако досегашниот предводник на екипата поднесе оставка.

Тодоров се повлече по болниот пораз на „штрковите“ од Амак СП во саботата, кога скопскиот тим водеше со 15 разлика на 6 минути до крајот.

– Тодоров поднесе оставка веднаш по мечот со Амак СП и веќе не е тренер на клубот. Тој оставката ја образложи како морален чин, зашто чувствува вина за лошите резултати. Став на управата е дека Тодоров не е единствениот виновник за тоа што се случува. Играчкиот кадар останува ист во наредните 4 кола, до крајот на првиот дел од сезоната. – вели спортскиот директор на МЗТ, Драган Панковски.

“знае“ што го чека

Лазовски е поранешен играч на МЗТ. Во претходните сезони го водеше Вардар О., со кого во април го освои Купот.
По пауза од неколку сезони „Металците“ поамбициозно влегоа во сезоната, повторно купија странци, доведоа и македонски повратници од странство.

Но, по 12 кола, тимот има само 6 победи, од кои 4 се против слабите Маврово и Карпош Соколи, а две дома, со тесни резултати против Вардар О. и С. Пелистер, премалку за клуб со 4 титули во Купот на Македонија и неколку финалиња на плејофот.

До крајот на првиот дел, МЗТ треба да игра дома со Струмица и со Фени И., а на гости со Пелистер и со Вардар О. Според сегашната табела, МЗТ ќе се бори со вардарци за 6. место кое води во Суперлигата.