Ракометарите на Металург, преку Скопје, Загреб и Минск, отпатуваа за
Брест, Белорусија, каде в недела, ќе го одиграат натпреварот против
екипата на Мешков, во регионалната СЕХА лига.

Овој натпревар за македонскиот шампион ќе биде и своевидна подготовка за
натпреварот во Лигата на шампиони, против Горење, кој во Велење,
Словенија, ќе се одигра на 9.февруари. Металург, по 11 одиграни
натпревари во СЕХА конкуренцијата, со 24 бодови се наоѓа на второто
место на табелата.

Мешков Брест, во досегашниот тек од лигата има одиграно 10 средби и со
учинок шест победи, три порази и една нерешена, се наоѓа на шестата
позиција.

’Металурзите’, од Белорусија, в понеделник, ќе заминат за Крањска Гора, каде ќе останат се до натпреварот со Горење Велење.

“Макфакс“