Репрезентацијата на Македонија одигра меч под своите можности против Ерменија и заслужено од Ереван замина со четири парчиња во мрежата. „Црвено жолтите“ од поразот во Ерменија мора да извлечат поука, бидејќи ваков кикс не е дозволив повеќе.

Македонија ја прокоцка првата меч топка, а во следните две рунди ќе треба да се поправи и да го зграпчи првото место кое единствено води во плејофот за пласман на Европското првенство.

OhridNews