Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе ги одликува потполковник Орце Јордев, мајор Драганчо Војнески, мајор Димче Велков, постар водник Стојче Стоилов, постар водник Зоран Ристов и водник Зоран Трајков, со Медал за храброст за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во извршување на поставените задачи при екстремно тешки и опасни услови во акцијата за извлекување на загинатиот рудар од рудникот „Бучим“.

Претседателот Иванов со Медал за храброст ќе го одликува и г-дин Сами Нуредини за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во спасување човечки живот при тешки и опасни услови од надојдените води на реката Вардар.

OhridNews