Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесниот круг за наградите Оскар и тоа во две категории – за документарци и за странски филм.

Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар за 92-то доделување на наградите, од филмовите што се кандидати за престижната награда.

Македонскиот филм е меѓу 15 кандидадти за најдобар документарен филм селектирани од 159-те пријавени во оваа категорија.

„Медена земја“ влезе и во потесен круг од 10 филмови за Оскар за најдобар меѓународен долгометражен филм, категорија во која беа кандидирани 91 филм.

Номинираните во сите категории Академијата ќе ги соопшти на 13 јануари 2020.

OhridNews