При извршување на редозвни активности, синоќа, вработени во „Комуналец“ во контејнер на ул.”Сирма Војвода”, кој е лоциран во близина на Медицински центар-Охрид, пронашле депонирани три најлон кеси со медицински отпад.

– Овие контејнери се поставени и наменети за депонирање на комунален отпад од страна на граѓаните кои живеат во околниот простор, а не за депонирање на медицински отпад.-информираат од „Комуналец.

Случајот веднаш бил пријавен до комуналната инспекција и СВР-Охрид, кои излегле на местото на настанот.

-Медицинскиот отпад преставува голем проблем по здравјето на луѓето, животните и еко-системот. Секое цивилизирано општество е свесно за опасностите кои можат да произлезат од неодговорно постапување со медицинскиот отпад, па затоа бараме да се превземат соодветни мерки против сторителите со цел вакви немили настани да не се повторат, велат од „Комуналец“.

OhridNews