Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, смета дека константните критики на англиските медиуми го натерале минатото лето да ја напушти Премиер лигата, иако една година преходно потпишал нов договор со Ливерпул.


„Не знам дали англискиот печат водеше кампања против мене, но изгледа дека сега им недостигам. Многу ме критикуваа, бараа работи кои немаат врска со вистината. Се обидоа да прикажат дека го гризнав Демикелис, но кога се покажа тека тоа не е точно, веста ја снема со молскавична брзина. Многу пишуваа не ми даваа мир и решив да заминам бидејќи се заморував со нивните пишувања. Сепак и понатаму нема мир од нив“, изјавил Уругваецот за BeIn Sport.

Суарез во интервјуто открива дека ужива во својот нов клуб, но е свесен дека сеуште не го постигнал својот максимум.

„Среќен сум во Барселона. Ги остварив сништата со доаѓањето во еден од најголемите светски тимови. Сакам да му помогнам на клубот и да станам важна алка во тимот. Влегувам во шанси но не постигнувам многу голови. Многу сум самокритичен, осбено кога неа да успеам со асистенција или гол да му помогнам на тимот“, дополнил Суарез.

„Макфакс“