Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде потпишана Повелбата за етичко известување за изборите, што ја подготви Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ.

Потпис на Повелбата ќе стават медиумите кои ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето, меѓу кои е и OhridNews.

На настанот, покрај претставници на медиумите, ќе присуствуваат и претставници на меѓународната заедница во државата.

OhridNews