Шармантната актерка Мег Рајан одлучила да направи промена во својата кариера. Актерката ќе почне да режира и започнува со реализација на својот прв филм. Филмот ќе носи наслов “Into The Beautiful”, а негов продуцент ќе биде Венди Финерман.
Венди изјавила дека често ја привлекуваат филмови на кои можете и да плачете и да се смеете, па затоа мисли дека тоа ќе биде совршен проект за Мег. Мег е најпозната по бројните романтични комедии во кои глумеше. Последните две нејзини улоги во филмовите “Serious Moonlight” и “The Woman” останаа малку забележани, па можеби токму затоа одлучила да направи промена во својата филмска кариера.