Ждребката во најстарото натпреварување ФА Купот немаше милост и на мегдан во петтата рунда ги однесе премиерлигашките ривали Челси и Манчестер Сити.
Исто така и премиерлигашите Тотенхем и Кристал Палас ќе се сретнат во петтата рунда, а среќа при ждребката имаа Арсенал и Манчестер Јунајтед кои за противници ги добија Хул односно Шревзбери.
Мечевите од петтата рунда во ФА Купот ќе се одиграат на 20 февруари, а претходно ќе се сретнат екипите кои ремизираа во натпреварите од четвртата рунда.
Двојки: Челси – Манчестер Сити, Ридинг – ВБА/Питерборо, Ватфорд – Лидс, Шревзбери – Манчестер Јунајтед, Блекбурн – Ливерпул/Вест Хем, Тотенхем – Кристал Палас, Арсенал – Хул, Бурнмаут – Евертон.
Мх.П.











