Најдобрите екипи во Германија, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе ги одмерат силите во финалето од националниот Куп.


„Милионерите“ со високи 3-0 ја совладаа Херта во Берлин и му се придружија на „баварците“ во финалето кои ден претходно го обезбедија со триумфот над Вердер Бремен.


Гостите од Дортмунд, олимпискиот стадион во Берлин го освоија со головите на Диего Кастро, Марко Ројс и Хенрик Микхтиријан.

Финалето од Купот на Германија се игра на 21 мај најверојатно во Берлин.

OhridNews