Управата на Вест Хем не чекаше да заврши сезонава во Премиер лигата и да ги продолжи договорите со фудбалерите кои блеснаа во досегашните мечеви.


Еден од нив е Димитри Паје кој е меѓу најдобрите фудбалери на „чеканите“ сезонава. Французинот со својата префинета техника ги освои срцата на Аптон Парк, а новиот договор го обрвза на верност до 2021 година.

Фудбалерот за врска според новиот договор ќе заработува по 125 илјади неделно што ќе го направи најплатен во Вест Хем.

Голем интерес за францускиот интернационалец покажаа Манчестер Сити и Челси и неколку екипи од Кина, но тој останува под палката на Славен Билиќ кој ги фасцинира англичаните од натпревар во натпревар.

OhridNews