Екипата од Ноу Камп, Барселона стави точка околу иднината на бразилскиот интернационалец Нејмар, откако двете страни се договорија за соработка до 2021 година.
Каталонците за верноста го наградија капитенот на „кариоките“ со побогат договор и по сезона ќе заработува високи 23 милиони евра.
Со ваквата плата, Нејмар ќе се израмни со Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои заработуваат од 22 до 25 милиони евра по сезона.
Инаку, сериозна заинтересираност за Нејмар покажа францускиот шампион Пари Сент Жермен кој понуди цело богаство за Бразилецот.
OhridNews