Реал Мадрид одново планира да го собори трансфер рекордот подготвувајќи мега понуда од 153 милиони евра за фудбалерот на Челси, Еден Азард.


Белгискиот репрезентативец уште минатата година се поврзуваше со трансфер на Сантијаго Бернабеу, но немаше ништо конкретно.

Англиските медиуми пренесуваат дека во трансферот на Азард може да биде уклучен Герет Бејл кој не ги доживува среќните моменти во кралскиот клуб.

Токму за него „лос бланкос“ му платија рекордни 100 милиони евра на Тотенхем што преставува најголем трансфер во историјата на фудбалот.

Ohridnews