Баерн Минхен по половина час игра го збриша Шалке со 3-0 благодарение на головите на Левандовски (два) и Тиаго и се пласираше во полуфиналето од Германскиот “Покал“. Менхегладбах ја продолжи низата победи откако на гостувањето во Хамбург го совлада истоимениот тим со 2-1.
Дуелот Лоте – Борусија Д. поради лошите временски услови беше одложен, а подобриот од овај дуел ќе го пречека тимот на Анчелоти во полуфиналето. Во другото полуфинале ќе се сретнат Менхегладбах и Ајнтрахт.
ohridnews