Без победник 1-1 заврши мега пресметката во Аргентина на “Ла Бомбоњера“ меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.


Дуелот беше прекинуван во неколку наврати, беше продолжен 12 минути, а се играше беспоштедно, за тоа говорат осумте жолти и два црвени.


Ова дерби се вбројува во топ пет поради страста која ја уживаат овие два клуба. Прва екипа која поведе во дербито беше Ривер Плата со голот на Ланчини конечните 1-1 ги постави Силва.

Мх.П.