Ждребката за четвртфиналето во Лигата на Шампиони на мегдан ги однесе „богаташите“ Пари Сент Жермен и Манчестер Сити и последните два шампиони во Ла Лига, Барселона – Атлетико Мадрид.


Повеќе среќа во четвртфиналната ждребка имаа Реал Мадрид и Баерн Минхен кои за противници ги добија Волфзбург односно Бенфика.

Двојки:

Волфзбург – Реал Мадрид

Баерн Минхен – Бенфика

Барселона – Атлетико Мадрид

ПСЖ – Манчестер Сити

Првите мечеви од четвртфиналето се играат на 5/6 април додека реваншите седум дена подоцна.

Мх.П.