Од 8 до 12 март на репертоарот на Центарот за култура “Григор Прличев” ќе се прикажува филмскиот мега хит “Долина на волците – Палестина”, кој претставува високобуџетен долгометражен акционен филм од Турција.

Сниман  со многу специјални ефекти, со филмска екипа од 400 луѓе и буџет од над 20 милиони долари,  „Долина на волците – Палестина“ –  е најскапиот турски филм досега.


Филмот е долгометражна верзија на една од најгледаните серии во Македонија, која го носи истото име. Критиката го има оценето со подобри оценки и од многу холивудски акциони блогбастери.

Режијата е на Зибер Шашмаз, а главните улоги ги толкуваат Неџати Шашмаз, Ердал Бесикиоглу, Нур Ајсан.

Почетокот на проекциите е во 20 часот, а билетот чини 100 денари.

OhridNews