Во рамките на проектот „Различноста мост, а не бариера“, во петок, 17- ти јуни, со почеток во 14 часот, во просториите на Меѓународниот универзитет – Струга, а во организација на  Локалната агенција за развој Струга, ќе се одржи дебата на тема  “Меѓуетничка толеранција – граматичка сложенка или реалност“.

Дискутанти на дебатата ќе бидат Еди Кела – професор при Меѓународниот универзитет Струга и Никола Кукунеш – професор при Јахја Кемал колеџот во Струга.

Дебатата се организира со цел да го поттикне меѓуетничкиот дијалог меѓу младите стружани и да го осознае пулсот, мислењата и иницијативноста на младите генерации во својство на меѓуетничка кохезија и заедничките придобивки од живеењето во општина во која соделуваат повеќе етнички заедници.

Проектот „Различноста мост, а не бариера“ е поддржан од Центарот за институционален развој во рамки на програмата Civica mobilitas финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка SDC.

OhridNews