Меѓуградскиот сообраќај од и кон Охрид денес се одвива редовно, со доцнење од половина час поради снежните наноси на коловозите, информираат од АД Галеб .
Од претпријатието велат дека одблокиран е патот кај планискиот превој Плетвар, додека релативно исчистен е патниот правец Гостивар-Кичево преку Стража.
Како што информираат од АМСМ, во 13:00ч. укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан, односно од 16:00 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Кичево преку Стража и на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
Инаку, во утринските часови меѓуградскиот сообраќај од и кон Охрид се одвиваше со доцнење од два до три часа поради интензивните врнежи од снег.
OhridNews