Во официјална работна посета на Австрија и Словенија се наоѓа делегација на локалната самоуправа предводена од Градоначалникот Никола Бакрачески, додека делегација на на општина Охрид и охридската Гимназија “Св.Климент Охридски”, предводена од секретарот на општина Димитар Спасески, присуствуваат на “Интернационалната недела на солидарноста на градот Каен-Р.Франција”.

Посетатата на градоначалникот и претставници на општината во Австрија се реализира на покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”.

Оваа туристичка организација е специјализирана за организирање на кружни патувања со ексклузивни автобуси од висока класа за туристи. Во делегацијата, покрај претставници на локалната самоуправа се наоѓаат и претставници на бизнис заедницата и медиуми од Охрид, како и официјални лица од Агенцијата за подршка на туризмот. На саемот кој се оддржува во Ветманштат-Австрија под наслов “Травел схоп” ќе бидат презентиран програмот на “ГАГГ Рајзен” за следната сезона, а со партнерите од различни држави ќе се разговара за можноста за меѓусебна соработка и влез на оваа реномирана компанија на македонскиот и посебно на охридскиот туристички пазар. Посетата ќе финишира со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид со Туристичката организација “ГАГГ Рајзен”.

Во Р. Словенија предвидена е работна средба на Градоначалникот Никола Бакрачески со истакнати бизнисмени од Словенија, кои во изминатиот период имаа можност да бидат запознати со поволностите кои ги нуди Р.Македонија и општина Охрид за привлекување странски инвестиции во туристичкиот сектор. Се очекува во најскоро време да дојде до конкретизирање на странски инвестиции во туристичките капацитети во Охрид, информираат од локалната самоуправа.

Едновремено, секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, претставници на општина Охрид и гимназијата “Св.Климент Охридски”,  присуствуваат на “Интернационалната недела на солидарноста на градот Каен-Р.Франција”. Тие денеска оствариле средба со Градоначалникот на Каен Филип Дурон.

За прв пат од кога е воспоставена соработката помеѓу Охрид и Каен, пред градоначалникот Дурон беше презентиран конкретен проект за заштита на културно наследство на Охрид, што наишло на многу позитивни реакции кај присутните. Дополнително е договорено градот Каен преку областа Долна Нормандија партнерски со Охрид да аплицираат проекти во Европските програми. На средбата е разговарано за соработка во делот на спортот и образованието. Секретарот Спасески во име на Градоначалникот Никола Бакрачески, ја пренесе поканата до Градоначалникот Дурон за посета на Охрид, по повод празникот Богојавление-Водици.-соопшти локалната самоуправа. 

Учениците од охридската гимназија, кои се присутни во Каен ќе имаа свој настап и презентација на едукативните и уметничките вештини со кои се стекнале, а делегацијата на општина Охрид, утре ќе оствари средби со повеќе градови-пријатели на градот домаќин. Најавен е работен состанок со градот Портсмут-Англија на кој ќе се разговара за можноста од приближување и изнаоѓање на модалитети за идна соработка, информираат од општина Охрид.

OhridNews