Денеска во хотел „Силекс“ во Охрид ќе започне тридневна Меѓународна научна конференција „Балканот меѓу минатото и иднината: безбедност, решавање на конфликти и евро-атланската интеграција” во организација на Факултетот за безбедност од Скопје.

Главната цел е да се придонесе кон појаснување на прашањата поврзани со безбедноста и евро атлантската интеграција на балканскиот регион, преку презентација на научни трудови и дискусии во контекст на безбедноста, разрешување на конфликти и современиот балкански и евро-атлантските интеграции .
Инаку на конференцијата ќе бидат опфатени повеќе теми почнувајќи од конфликтите и решавање на истите во балканскиот регион, интеграција во ЕУ, регионални соработки, безбедносни прашањеа и ризици поврзани со меѓународното прави и трговија и други.
OhridNews











