Охрид на 6 и 7 октомври ќе биде домаќин на третата Меѓународна конференција за Кина и земјите од Центарална и Источна Европа “Улогата на човечкиот капитал во иницијативата Еден појас, еден пат“. Целта на конференцијате е зближување на земјите од овие региони во Европа со Кина во областа на јазикот и културата, образованието, бизнисот
и меѓународните односи.
Главната тема на конференцијата е важноста и улогата на т.н. „човечки капитал“ во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“, која претставува еден од главните стожери на надворешната политика на НР Кина и е проект на претседателот на Ши Џинпинг, започнат во 2012г. Со оваа иницијатива за меѓународен економски развој, се опфаќа 64% од светската популација и 30% од глобаниот бруто домашен производ (БДП).
Конференцијата е во ко-организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет и Економски институт при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институтот „Конфуциј“ во Љубљана, Универзитет Љубљана (Економски факултет – Љубљана), Југозапден Универзитет за финансии и економија во Ченгду, Универзитет за меѓународен бизнис и економија во Шангај.
На отворањето на конференцијата ќе се обрати Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
OhridNews












