Денеска во Охрид започна четвртата Меѓународна конференција за водоснабдување и отпадни води, на која учесниците расправаат на оваа тема како  клучна за иднината на човештвото.

Ние сме подрачје богато со вода, но тоа не значи дека можеме нерационално да се однесуваме со ова ретко природно богатство. Охридското Езеро е едно од трите најстари природни езера во светот и најголемиот  базен со чиста вода за пиење во Европа. Не случајно светската стручна јавност, посебно Охридското Езеро  како природна реткост и посебно Охрид  како културно богатство, предложила да бидат под заштита на УНЕСКО. Тоа е голема привилегија но и голема одговорност  за нивна заштита.“  – рече на отворањето на настанот, заменик-градоначалникот Ангел Јанев.

Тој потенцира дека во Охрид, пред повеќе од 25 години е изграден колекторскиот систем, а веќе е отпочнат процесот за целосна заштита на езерото.

Системот до сега повеќе пати со помош на странски донации е доградуван , а во тек се и активности  за негова реконструкција и продолжување на опфатот. Целта ни е да се направи целосен колекторски систем  кој ќе го штити  езерото од македонска и албанска страна.“ – потенцира Јанев.

Инаку, на конференцијата  учествуваат претставници од Македонија, Србија,  Босна  и Херцеговина, Црна Гора, Словенија ,Албанија, Унгарија, Германија и други европски земји

OhridNews