
Според официјалната веб страница на Конгресот, своето присутво веќе го потврдиле звучни максилофацијални специјалисти од САД, Италија, Шпанија, Турција, Германија, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Чешка, Романија, Грција, Албанија и Македонија.
Темата на овој научен собир ќе биде ,,Зајакнување на врските помеѓу хирурзите “. Во рамки на тридневната конгресна агенда планирано е да се одржат бројни предавања за тековните концепти и новите техники од ова хируршко поле. Исто така ќе бидат организирани и научни сесии посветени на постоперативниот третман, а планирани се и предавања за новите медицински техники во имплантологијата и естетската хирургија.
OhridNews












