Денес  во Охрид започнува меѓународна стручна средба на конзерватори и реставратори посветена на Југоисточна Европа. Регионалната иницијатива SEE MOSAICS, подржана од УНЕСКО, ИКОМОС и со помош на Фондот на соработка во ЦЕИ, се собира во Охрид по вторпат за да одржи Работилница и Форум, кој ќе трае 6 септември, посветени на спецификата на мозичното културно наследство, карактеристично за овој дел на Европа. На собирот со свои трудови ќе настапат реномирани професори од Италија, Франција  и САД, како и експерти од регионот. 

За прв пат, на научната екскурзија со автобус и брод во обиколка на езерото, во рамките на SEE MOSAICS II ќе бидат интегрално претставени откриените мозични површини околу Охридското Езеро, и на македонска и на албанска територија.

Паралелно со програмата на Форумот, од 3 септември, во НУ Центар за Култура “Григор Прличев“ ќе може да се посети изложба на постер презентации и интервенции на „Мозаичното културно наследство на Регионот“.

OhridNews