Меѓународниот ден за борба против злоупотреба и незаконски промет на дроги со пригодна програма ќе биде одбележан во Охрид.

Целта е преку најразлични активности да се предупреди јавноста за  растечкиот проблем на злоупотреба на дрогата и потребата за активно вклучување на сите чинители во акција со заедничка цел, создавање на општество без злоупотреба на дроги, велат од Црвениот крст кој е мосител на активностите што ќе се реалзираат во соработка со СВР Охрид.

Активностите ќе започнат со отворање на самостојна ликовна изложба на пастели  “Раѓање на совршенството“ на талентираната Радмила-Мила Коцарева, која преку своите уметнички дела ја прикажува заблудата, мракот во кој навлегуваат оние кои посегнуваат по дрогата.

Изложбата ќе биде отворена во 18 ч. во изложбениот салон на Центарот за култура “Григор Прличев”.

OhridNews