Национални установи, јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО,  за реализација на активности од областа на културата во рамки на Меѓународниот фонд на УНЕСКО за  културна разноликост за 2013 година.

Предлог – проектите, кои треба да се испратат најдоцна со 15-ти јуни 2012 година, треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања. Предлог-проектите треба да се достават во два примерока на англиски или француски јазик во форма на формуларот на УНЕСКО, придружени со еден примерок на македонски јазик.

Секоја држава – членка, вклучувајќи ја и Македонија, може да поднесе до 4 предлог проекти УНЕСКО, од кои на два треба да им биде носител национална или јавна институција.

OhridNews